Загаденоста на воздухот утре повторно пред Владата
Загаденоста на воздухот во Скопје, Битола, Кичево и Тетово утре повторно пред пратениците. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најави дека ќе се превземат порадикални мерки доколку се увиди дека состојбата е непроменета.
- Од информациите на Управaта за хидрометеоролошки работи ќе зависи и одлуката на Владата за продолжување на мерките заради состојбата со амбиентниот воздух, рече Адеми.
Претходно, поради загаденоста, Владата донесе одлука постарите лица од 60 години, бремените жени и болните од астма да не одат на работа. До утре важи и препораката работниците кои работат на отворено, како што се градежните работници тоа да го прават од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да не изведуваат активности на отворено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа