Утре дожд на планините снег - викендов потопло време

 

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни дождови ќе има во јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Снег ќе паѓа само на повисоките планини. Ќе дува и слаб, а во источните делови, умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од седум до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до осум степени.

26.12.2013 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега