84-годишна баба од Кичево заработи кривична: Дома чувала пушки
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(84) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 22.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои неовластено ги поседувала, известија од полицијата.
10.01.2025 - 16:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа