Пратениците од Левица насмеани удрија селфи: Ни ја поддржаа интерпелацијата против Даути
На првата собраниска седница од годината, денес, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути со што дефакто Собранието констатира дека пратеничката Илире Даути го крши Уставот и законите со блокадата на Законот за бранители, велат од Левица преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Со ова се пресече јазолот во Собранието, кој ДУИ го создаде преку неделовничко и насилничко дејствување - наместо да се исползува народната волја, собраниските процедури се киднапирани, додаваат од партијата.
10.01.2025 - 18:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа