Апасиев: Сите македонски партии се обединија во Собрание - убаво ни беше

 
На денот кога се обединија сите МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ да му застанат на патот на башибозукот на Илире и кога Македонецот, за прв пат, се осети убаво во своето Собрание - СДС решија да ја напуштат пленарната седница за интерпелација!?, напиша утрово на социјалната мрежа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Епа, што да очекувате од партија на богаташите која дезертираше и во 2001. Нивните раководни кадри и тогаш се криеја по викендици, додека БРАНИТЕЛИТЕ војуваа со косоварските терористи поддржани од НАТО! Ова им е одлична шанса да се преиспитаат и да видат зошто секогаш се на погрешната страна на Историјата и зошто им се случува "пасокизација" на политичката сцена“, напиша опозицискиот лидер на фб.

11.01.2025 - 10:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега