Прв случај на семејно насилство годинава во дебарско: Маж агресивно се однесувал кон сопругата
Полициски службеници од Полициската станица со општа надлежност - Дебар лишиле од слобода жител на дебарско село поради агресивно однесување кон неговата сопруга.
- Од слобода е лишен Ј.Ј.(38) од дебарско село, по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 27 - годишна сопруга од истото село. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека селото од каде се сопружниците не се соопштува заради заштита на жртвата.
Ова е прв регистриран случај на семејно насилство годинава. Според полициската евиденција минатата година регистрирани се 11 случаи на семејно насилство од кои пет се насилно однесување кон сопруга. Истите во најголем процент потоа биле и причина за поведување бракоразводна парница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа