Нов малер за македонската ракометна репрезентација?
На 15 дена пред почетокот на Европското првенство во Данска нов малер за македонската репрезентација. Според информацијата добиена доцна синоќа од Пореч од директорот на репрезентацијата Стевче Алушевски на синоќешниот тренинг дланката (на левата рака) ја скршил левиот бек Филип Лазаров. Подетални информации од Пореч очекуваме во текот на денешниот ден.
Инаку од вчера (после 18 часот) со репрезентацијата е и капитенот Кирил Лазаров, а за денеска околу пладне се очекува доаѓањето на голамнот Борко Ристовски, кој вчера со својата екипа Гумерсбах, оствари нова победа во Бундес лигата (трета по ред).
27.12.2013 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа