Дваесет од украдените икони во Албанија потекнуваат од Македонија - еве кои цркви биле опустошени

 

Претставници на албанската и на македонската полиција заедно со претставници од Министерството за култура на Република Македонија имаа работна средба во Тирана на која се дискутирало за украдените икони, од кои 20 потекнуваат од Македонија.

СПоред податоците од МВР, од страна на македонските претставници беше извршен увид при што идентификувани се вкупно 20 икони кои потекнуваат од Македонија. Иконите биле крадени од црквите од селата Радожда, Буринец и Селце од Струшкиот регион како и селата Ѓавато и Перово од Битолскиот регион. Се работи и за царски двери кои претходно биле исечени, но истите се составени од страна на слбански експерти-историчари на уметност.

Албанскиот Јавен обвинител за потребите на судската истрага која се води во Албанија, побарал најдоцна во рок од 15 дена да биде доставена документација за потеклото на секоја икона посебно.

27.12.2013 - 12:42
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега