За два часа двајца работници завшршиле на Клиника - се повредиле на работните места во Скопје
За два часа двајца работници завшршиле на Клиника, се повредиле на работните места во Скопје.
Вчера во 10.08 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.К.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
Два часа подоцна во 12.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Н.Н.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа