Апсење во Охрид: Марихуана и дробилка пронајдени кај странски државјанин
Вчера во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, го лишија од слобода А.Б.Ш..(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа