СДСМ: Власта има најголем Буџет во историјата а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ.
„Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле.
За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата, но не и за поголеми плати за работниците.
Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците“.
Тоа,како што истакнуваат, го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%.
СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, додаваат од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа