Министерство за култура: Лажното пријавување само по себе е кривично дело

Во врска со прес-конференцијата на Петре Шилегов против кој Министерството за култура веќе има поднесено пријава согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ја информираме јавноста дека СДСМ продолжува со ширење на лаги и невистини чија единствена цел е манипулирање со законите и законските процедури во државата, велат денеска од Министерството за култура.

- Сакаме да информираме  дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја во  член 5 јасно и децидно стои кој може да поднесе иницијатива  за подигање меморијален споменик и спомен обележје, а тоа се сите физички лица и правни лица. Под физички лица се подразбираат сите граѓани на РМ, а под правни лица сите правни субјекти во РМ (државни институции, установи, здруженија на граѓани, трговски друштва и тн). Значи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја секој може да поднесе иницијатива за подигање на меморијален споменик и спомен-обележје. Поднесувањето на иницијативата не претставува кривично дело. Иницијативата по својата суштина е демократско право на сите во Република Македонија. Забраната за поднесување на иницијативи е спротивно на демократските процеси и е одраз на тоталитарниот ум кој сеуште владее во СДСМ.

Потсетуваме дека и лажното пријавување е кривично дело само по себе согласно член 366 од кривичниот законик на Република Македонија.

27.12.2013 - 15:33
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега