2013 добра економска година за македонската Влада

 Годината што изминува на економски план и за Владата и за бизнис заедницата е добра. Очекуваат и двете страни добрата соработка што се остварила досега да продолжи и следната година. Ова е констатацијата од денешната средба на премиерот Никола Груевски и членови на Владата со бизнисмени од Комората на Северозападна Македонија.

- Ова беше добра економска година каде заеднички секој го сработи својот дел. Владата преку општиот амбиент за работа, преку обезбедување евтини кредити, преку навремено раздолжување кон стопанството и плаќање на обврските и сите други политики и мерки, а бизнис секторот со својата креативност и претприемачкиот дух успеа да ја помине добро годината, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по завршување на средбата.

Вицепремиерот Ставревски додава дека ова се предлози кои се контруктивни и добри и кои доаѓаат од искусни бизнисмени и наша задача и обврска е и натаму да помагаме и да настојуваме од се ова што може да се прифати и натаму да ја подобруваме бизнис климата и да има подобри услови за секој бизнисмен без разлика дали е мал или голем.

Стопанствениците од Комората на Северозападна Македонија ја потенцираа добрата соработка со Владата и веруваат дека и натаму таа ќе се подобрува.

- Како бизнис заедница сакаме да бидеме оптимисти и 2014 година сакаме да ја почнеме во оптимистички дух. Оваа наша средба не охрабрува во тој оптимизам. Се надеваме на уште подлабока и почеста соработка со Владата, изјави претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи. 

27.12.2013 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега