Серија апсења на повеќе локации во Македонија

 


Во текот на вчерашниот и денешниот ден плицијата апсеше на повеќе локации на територијата на цела држава.

На 28.01.2025 околу 12.15 часот на автопатот Табановце- Куманово, пoлициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во РСМ. При контрола во возилото „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата. На  28.01.2025 во 18.30 часот на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Т.(45) од Република Турција, со привремен престој во државата. При контрола на патничко возило „geely atlas pro“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 28.01.2025 во 14.35 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи. Исто така, тие се сомничат дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале.  Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.01.2025 во 21.00 часот на улица ,,121“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.К.(37) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 297 став З од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 29.01.2025 во 05.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.П.(38) од Гостивар. Тој се сомничи дека околу 04.10 часот извршил ,,тешка кражба“ во продажен објект на улица ,,Гоце Делчев“, сопственост на Г.К.(52) и В.С.(40) од Гостивар, при што одзел пари и повеќе производи. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.    

На 28.01.2025 во 19.30 часот на ул.„Кланица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Н.(32) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (29.01.2025) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 28.01.2025 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(24) и Е.Х.(28), двајцата од Република Турција, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 28.01.2025 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.К.(46) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 28.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 28.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

29.01.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега