Меџити на “Молитвен појадок” кај Трамп

 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити ќе биде дел од традиционалниот настан “Молитвениот појадок” кој го организира американскиот претседател Доналд Трамп.

Меџити кој отпатува во САД, претходно беше присутен и на церемонијата за инаугурација на Трамп.

-Ова е еден од најважните настани во годината во Вашингтон, каде што присуствуваат политички лидери, претставници на меѓународни институции и влијателни личности од целиот свет. Присуството на Меџити на овој настан е дел од неговите честите посети во САД, што потврдува неговата посветеност за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Северна Македонија. Неговата посета во Вашингтон за “Молитвениот појадок” се очекува да биде искористена и за средби со претставници на американската администрација и членови на Конгресот, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете земји во различни области, велат од партијата Демократско движење.

05.02.2025 - 08:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега