Почина познатиот актер и комичар Брајан Марфи
На 92-годишна возраст почина познатиот актер и комичар Брајан Марфи, јавуваат странските медиуми.
Брајан Марфи беше најпознат по улогите во популарните британски серии од 1970-тите, „Man About the House“ и „George and Mildred“.
Тој почина во неделата наутро во својот дом во Кент. Неговиот пријател и агент Томас Бовингтон го опиша како „весел и длабоко добродушен човек“ и го истакна неговиот талент и хуманост.
Покрај бројните улоги, Марфи зад себе ги остави сопругата Линда Реган, која исто така е актерка и два сина.
05.02.2025 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа