„Глоуб Сокер“ го прогласи Роналдо за најдобар фудбалер
Напаѓачот на Реал Мадрид и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо е добитник на наградата за најдобар фудбалер во 2013 година во изборот на интернет порталот „Глоуб Сокер“. Во гласањето учествуваа навивачите од целиот свет.
Роналдо оваа престижна награда ја прими синоќа во Дубаи, по што заминува на неколкудневен одмор пред враќањето на обврските во „кралскиот клуб“.
Португалецот веќе има една ваква награда во 2011 година, а минатата година победник беше Радамел Фалкао.
Официјалниот избор на најдобар фудбалер во 2013 година ќе се случи на 12 јануари во организација на Светската фудбалска асоцијација – ФИФА. Главни конкуренти на Роналдо во овој избор се Френк Рибери и Лионел Меси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа