Неготичанка се збогати во Скопје - еве како

Радосни мигови со добивките од Инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија во последните денови од 2013. Добитната патека на Државна лотарија на Македонија не води во Неготино. Камчева Драгица е дамата од Неготино која го надополнува среќниот круг на добитници на Државна лотарија на Македонија. Таа благодарение на Инстант лозот Детелинка стаса до убавата премија 100.000,00 денари која сигурно ќе внесе дополнителна возбуда во празничните денови кои следат.

 

Драгица е студентка на технолошко металуршкиот факултет во Скопје. Својот среќен Инстант лоз Дететлинка го купила во продажното место Так Тобако во скопската населба Карпош 4.  Интересно е што до овој лоз стасала откако претходно заменила  дури 6 други инстант лоза кои имале добивка од 40 денари. Едноставно, среќата и испраќала сигнали кои ја довеле до премијата од 100.000,00 денари.

 

Покрај над 60 вoзила во останатите инстaнт лозови,  во Инстант лотаријата Детелинка досега имавме дури тројца добитници со парична добивка од 500.000 денари.

 

Само за потсетување лозот Детелинка  беше лансиран точно пред една година, на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари

 

 

 

28.12.2013 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа