(ВИДЕО) „Какво „сори, имаш една минута да одлеташ“ - Падобранец „пречекан“ со стап на балканска ливада
Виралното видео беше објавено на „Тик-ток“ со порака „Кога ќе слеташ на балканска ливада“, а за само 18 часа собра повеќе од половина милион прегледи.
На видеото прикажан е падобранец кој се нашол на ливада, но не бил добро примен од сопственикот, пренесува Вечерњи.хр.
Еден постар човек се приближува со стап во рацете, а падобранецот веднаш почнува да се извинува.
„Моја парцела, сакаш ли да те удрам, какво „сори“? „Имаш една минута да одлеташ“, извика сопственикот.
Судејќи по пејсажот и акцентот на лицето, се претпоставува дека снимката е направена некаде во Словенија. Не се знае точно кога, но предизвика реакции кај корисниците во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа