Тошковски: Правиме парче - за недела дена го наполнивме магацинот со дрога

 

Министерот Тошкоски на социјалните мрежи се пофали дека за само една недела полицијата запленила над 6 килограми кокаин и 150 килограми марихуана.

„Продолжуваме бескомпромисно против недозволената трговија со дрога!

Во рамки на нашите засилени оперативни мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во изминатата недела реализирани се значајни заплени, односно над 6 килограми кокаин и само денеска над 150 килограми марихуана. Овие резултати се потврда за нашата цврста и доследна заложба во пресекувањето на криминалните канали и ставањето крај на активностите што ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните.

Како институција со јасен мандат за заштита на јавниот ред и мир, остануваме непоколебливи во спречувањето на сите форми на криминал. Нема компромиси со оние што го прекршуваат законот и се обидуваат да профитираат на сметка на безбедноста на нашите граѓани.“ - порача Тошковски.

12.02.2025 - 12:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега