Несреќите не запираат: Комбе прегази пешак во Куманово
Вчера околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
13.02.2025 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа