Проверете дали утре ќе останете без струја

Без снабдување со електрична енергија утре од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од ул. 2 во село Бардовци, општина Карпош, од 09:00 до 15:30 часот корисниците од село Копаница, општина Сарај, а од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Тодор Чангов, подулици бр.21, 27, 29 и 59, во општина Аеродром.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, соопштува дека прекините ќе бидат заради изведување инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

29.12.2013 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега