Груевски: Ако некој сака предвремени избори - спремни сме во секое време (ВИДЕО)

 

 
 

Нема ситуација поради која посакувам предвремени парламентарни избори, но ако некоја ситуација не доведе до тоа, или се инстистира, ние сме спремни. Не го потврдувам или отфрлам моментот дека чувствувам потреба за такво нешто. 
Ова го вели македонскиот премиер Никола Груевски во новогодишното интервју за Македонската радио телевизија.
 
На тема скандалите поврзани со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Груевски вели дека не станува збор за негативна кампања, туку за реалност.

-Тој и неговите најблиски во СДСМ може да ветуваат што сакаат, но народот знае да одбере. Народот сака реалност, а не ветување брда и долини, вели Груевски.

Според Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов одлично си ја врши работата. Тој најавува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште не дебатира за тоа кој кандидат ќе ја претставувапартијата на претстојните претседателски избори.

-За тоа кој ќе биде наш кандидат за пртетседателските избори кои ќе се одржат следната година ќе се разговара внатре во партијата и не ја почнуваме таа дебата пред време. Тие што губат почнуваат пред време. Опозицијата која е во понезавидна позиција од нашата се чудам зошто не го промовира својот кандидат, вели Груевски.

Премиерот прозборе и за грчко-македонскиот спор за името, најавувајќи дека евентуален сериозен предлог од медијаторот Метју Нимиц, ќе биде понуден на референдум.

-Ќе ни смеат луѓето. Ако нешто сериозно понуди медијаторот Метју Нимиц, тој предлог ќе го понудиме тоа на референдум, а за тоа ќе одлучи мнозинството од народот на државава. Среќен сум што и опозицијата најави дека за спорот со името ќе предложеле за тоа прашање да се одлучува на референдум. До вчера велеа едно, денес друго. Многу се брзоплети, носат брзи одлуки. Тоа не ми се допаѓа. Тие сакаат да го решат проблемот, а после да го смуваат проблемот. Спорот со Бугарија, проблемот е политички кој доаѓа од нивна страна. За една бракоразводна парница се направи национален проблем. Од ситни мали работи и некои манипулации настана ситуација. Мислам дека наскоро проблемот ќе се реши, вели Груевски.

ВО однос на обвинувањата од опозицијата дека Македонија е земја на политички затвореници, Груевски истакна дека “политичките затвореници“ на СДСМ, се всушност луѓе кои направиле кривични дела.

-Оние неколку луѓе за кои тие зборуваат дека се политички затвореници се луѓе што направиле одредени кривични дела кои се докажани со аргументи и факти. Судот ги разгледал во една, друга, трета инстанца и го потврдил тоа. Тоа што некој сака да ги прикажува како жртви и како политички затвореници, тоа е дел од политичката манипулација на дневна основа, истакна Груевски, додавајќи дека политичари како Фрчковски и Ѓунер Исмаил, во чие време немало демократија, сега критикуваат дали сме или не демократско општество.

-Нивните аргументи не проаѓаат. Демократија сме, кај некого проаѓа, кај некој не, ама кај мнозинството не проаѓа. Се прави споредба како беше тогаш кога СДСМ беше на власт, како се однесуваше кон медиумите, каков беше нивниот однос, а каква е сега ситуацијата. Можеби има некои слабости и грешки, но неспоредливо е подобрена состојбата со демократијата од кога тие кои денес критикуваат беа на власт, рече премиерот.

Груевски изрази жалење што еден македонски новинар е во притвор, но, повтори тој, станува збор за дело „објавување на сведок“. Законот по кој се пропишува казна за ова дело, рече премиерот, е донесен во времето на СДСМ, „па да оставиме и за овој случај судот да одлучи“.

29.12.2013 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа