Активистот Садику на Ургентен - насилници го нападнале на „Партизанска“
Како што веќе објавивме, Засега непознати разбојници ноќеска го нападнале младиот тетовчанец А.С. Неофицијално, нападнатниот тетовчанец е всушност активистот Артан Садику.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил ноќеска околу 1:15 часот, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Групата разбојници го нападнале 30 годишниот А.С., му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари.
А.С.бил пренесен во скопскиот Ургентен центар. Сеуште не е познато дали А.С. бил случајна мета или станува збор за испланиран напад. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа