СКАНДАЛ: Предновогодишна тепачка на шеф и работник во ЈП Комуналец во Охрид

На предновогодишната прослава на неколку фирми и институции во хотелот Гарден во Охрид, синоќа мораше да интервенира полицијата откако двајца вработени во ЈП Охридски Комуналец, меѓусебно физички се пресметале со боксови, пренесува Охрид 1. Имено немилиот настан се одвивал пред масата на која седела и директорката на претпријатието. Во тепачката учествувале поранешен активист на СДСМ и активен „отпораш“ кој сега станал голем внровец, а претходно бил долгогодишен член на СДСМ. 

На прославата иламо и лица и од други фирми и институции од Охрид. 

Полицијата ја смирила ситуацијата , а потоа шефовите ги однела во станица каде дале исказ. Не биле задржани и биле пуштени на слобода. Полицијата по комплетирањето на случајот ќе поднесе соодветен поднесок.

Директорката на ЈП Охридски Комуналец Елена Скрческа, ќе поркене постапка по што најверојатно ќе ги казни двајцата шефови кои со немањето контрола над себеси и тепачката на јавно место, во хотел пред бројни луѓе го уриваат угледот и реномето на претпријатието.

29.12.2013 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа