Седница на Законодавно-правната комисија

 

Во македонското Собрание денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на седницата се Предлог - закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, двата во прво читање,како и предлог законите за ратификација на  Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и ратификација на Договорот за трговија со оружје, во второ читање.

На дневен ред на оваа седница е и Барање за давање на автентично толкување на член 128 став 6 од Законот за основното образование, поднесено од пратеникот Сафет Бишевац.

30.12.2013 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега