ВМРО-ДПМНЕ: Го поддржува ли Филипче, криминалецот Сокол, па затоа не се оградува од него?

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста прашува дали првиот човек на СДСМ Филипче го поддржува поранешниот директор на Затворот Шутка, Филип Андов - Сокол, кој е осомничен во предмет кој го води ОЈОГОКК за пуштање затвореници да излегуваат од затворот.

-Го поддржува ли Филипче, криминалецот Сокол, па затоа не се оградува од него? Венко Филипче треба да излезе и да каже дали тоа што тој не го разрешува Филип Андов Сокол од ЦО на партијата значи дека му дава поддршка? Дали Венко Филипче се согласува со криминалот на Сокол? Поддржува ли СДС тоа што тешки криминалци наместо во притвор биле шетани низ Скопје од страна на униформирани лица вработени во затворот Шутка под плаштот на Сокол? Знаел ли Венко Филипче што правел Сокол додека бил директор и дали затоа сега молчи? Што се крие зад молкот на СДС?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

02.03.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега