Планинарски марш од Равна река до Ченгино Кале
Во организација на Планинарското спортско друштво „Кадиица“ беше организиран маршот од Равна Река до Ченгино Кале.
Во текот на вчерашниот ден планинарите од Пехчево успешно ја совладаа патеката долга петнаесетина километри и по убаво и сончево време стасаа до целта - граничниот камен помеѓу Македонија и Бугарија, најисточната точка на нашата држава на надморска височина од 1.745 метри и го посетија изворот на реката Брегалница на Ченгино Кале и уживаа во прекрасните пејсажи што се пружаат кон планинските врвови на Пирин, Рила, Беласица, Огражден и Плачковица.
Исто така, планинарите ги посетија и уживаа и во убавините на Пехчевски водопади на Равна Река и на други притоки на реката Брегалница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа