МВР за Прес24: Се вршат претреси - направена е голема штета на буџетот
Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, изјавија од МВР за Прес 24.
За потсетување, како што објавивме претходно денеска неофицијално денес БЈб со останатите надлежни институции отпочнале со координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.
Разоткриена е мрежа на увозници кои против законски испорачале неккив вид на горива со сомнително потекло и квалитет, дознава Прес24.
Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.
Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот, а токму загаденоста се смета како една од најголемите причини за иселувањето. Одредени имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото како заштитени бели мешки од одредени центри на моќ.
Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа