Каролина Гочева "ќе грми" во Битола за најлудата ноќ во годината

За најлудата ноќ во годината Битола подготвува целодневна програма со која ќе ги забавува битолчани. Вечерната програма стартува во 20 часот Плоштадот Магнолија со настап на Х – бенд, Паркети, Памперси, хумористично сатиричен блок, стенд ап комедија, настап на групата Мадригали и Боеми, а јаготка на шлагот ќе биде Каролина Гочева.

И за дечињата ќе има место за забава. Детскиот фестивал „Тра ла ла“, музички блок и новогодишна креативна работилница-изработка на детски украси и играчки-штанд- ЗГ„Граѓанска асоцијација“, „Највисока елка во оригами техника“ , Музичко сценски детски спектакл, „Собирач на желби“-Детски театар Бабец, Детски забавно музички блок „Новогодишна детска дружба“, Детска театарска претстава „Новогодишна магична потера по Дедо мраз“- ЗГ„Грин Лист, Музичко сценски детски спектакл  „ Собирач на желби“-Детски театар Бабец, се само дел од оние кои ќе ги забавуваат најмладите, пренесува Портал.мк.

30.12.2013 - 14:43
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега