Битолчани со свеќа и цвеќе оддадоа почит на загинатите лица во Кочани
Битолчани со свеќа и цвеќе оддадоа почит на загинатите лица во Кочани и изразија протест против институциите што не успеаја да спречат трагедијата.
Поворката почна од плоштадот Магнолија, насобраниот народ се движеше по Широк Сокак, до битолскиот Офицерски дом каде кон небото беа пуштени црни балони.
-Македонија тагува, трагедија која нема да се заборави, но не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, луѓе страдаат и бараат лек, а болниците не се подготвени за вакви масовни несреќи. Здравството е ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата. Сите си заминуваат, а ние што останавме тука умираме еден по еден бидејќи државата не” заборави. Ние ќе се бориме за правда, изјави Леонардо Соколов, член на организацискиот тим на собирот во Битола.
Учесниците на собирот побараа корупцијата да се искорени од сите институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа