Полицијата спречи трагедија во Штип: Претепано детенце кое си ја бранело мајката од насилниот татко

 

4 - годишно штипјанче заработи крвнички ќотек откако се обидело да си ја спаси мајка си од тупаниците на неговиот збеснат татко, јавува штипската телевизија ТВ Стар. Според информациите на телевизијата, детенцето со набиеници и крвни подливи било задржано на лекување во штипската Болница.

Насилството се случило ноќеска, еден час пред полноќ, во стан во центарот на Штип. Како што јавува ТВ Стар, детето се разбудило од врисоците на мајката, па кога видело дека таткото крвнички ја тепа, тргнало да ја брани. Таткото безмилосно го истурил бесот и врз своето синче. Ситуацијата била прекината од полицијата, која дошла на повик на вознемирените соседи.

26 годишната мајка и синчето биле пренесени во болница, каде им биле констатирани  набиеници и крвни подливи по целото тело.

31.12.2013 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега