Најинтересни новогодишни одлуки
Многумина од нас ќе донесат новогодишни одлуки кои ќе се обидат да ги применуваат барем на почетокот на годината.
Што очекувате вие во 2014 година?
Еве неколку интересни донесени одлуки донесени за следната година.
1. “Одлучувам дека ќе спијам повеќе оваа година, седум часа дневно барем еднаш во неделата” вели индијката Неха Ганди.
2. Социјалните мрежи станаа неизбежен дел од нашиот живот, па некои посакуваат помалку време да поминуваат на интернет.
3.“Последниве години го занемарив шминкањето.Оваа година одлучив дека ќе си себеси посветувам повеќе внимание, секој ден ќе нанесувам руж и кармин” објави на својот блог Кони Ванг.
4. Цел живот посветуваме време на непотребни работи, наместо да се посветиме на сегашноста. Поради тоа списанието “Аsk men” советува : “потрошете барем 10 минути во денот концентрираќи се на сегашноста”.
5.”Moja одлука за оваа година помалку да се сожалувам. Честите приговори во врска со тешките моменти во мојот живот и не се баш интересна тема за разговор, па поради тоа одлучив да ѓи оставам во 2013” изјавила Гина Мариели уредничката на едно списание.
6.”Бидете позитивни” е еден од најчестите совети кои можете да ги сретнете на интернет страниците.
7. Моја новогодишна одлука е дека оваа година ќе посветам повеќе време на готвење. Често мислам дека немам време за готвење и јадам брза храна која му наштетува на мојот организам вели уредничката Ангела Тафоја.
8. Многу честа одлука кај младите е дека годинава ќе се хранат поздраво и ќе започнат некаква физичка активност.
9. Не е необична и одлуката дека е време да го прифатиме животот како хаотичен и несовршен, но често исполнет и со убави моменти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа