Џон Траволта со емотивна објава за починатиот син: Многу ми недостигаш
Актерот Џон Траволта (71) посвети објава на социјалните мрежи на својот покоен син Џет, кој ќе го прославеше својот 33-ти роденден.
Имено, актерот сподели ретка фотографија со својот починат син на својот Инстаграм профил со емотивен опис.
-Среќен роденден, Џет. Многу ми недостигаш. Ќе те сакам засекогаш!, напиша Траволта.
Џет е најстарото дете на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон.
Тој трагично почина во 2009 година за време на семеен одмор на Бахамите, имаше само 16 години. Имал аутизам, астма и Кавасаки синдром, а според извештаите, доживеал епилептичен напад, паднал и ја удрил главата во кадата.
-Тоа беше најлошото нешто што ми се случи во животот. Искрено, не знаев дали ќе преживеам. Мојот живот повеќе не беше интересен и ми требаше многу долго време повторно да најдам смисла, се присети Џон во интервју за Бери Норман во 2014 година.
Патем, неговата сопруга Кели Престон, која ја загуби битката со ракот на дојка во 2020 година, верувала дека производите за домаќинство, ѓубривата и пестицидите придонеле за развојот на здравствените проблеми на Џет, поради што активно се залагала за строги прописи во означувањето на хемикалиите.
Во текот на нивните 29 години брак, Џон и Кели добија уште две деца: Ела Блу (25) и Бенџамин (14)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа