ДУИ: Агенцијата „Рубикон“ – синоним за институционално прикривање
„На протестот што го организираа семејствата на трагично загинатите млади во Кочани, пред два дена, беа изнесени шокантни информации кои досега не беа демантирани, ниту објаснети од надлежните институции. Родителите на жртвите јавно поставуваа прашања за улогата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ и МВР. Овие прашања го поставуват Министерството за внатрешни работи во центарот на одговорноста“, велат од ДУИ.
„Затоа, Демократската унија за интеграција упатува директни прашања до надлежните институции, на кои јавноста сѐ уште ги очекува одговорите:
• Дали „Рубикон“ поседувала важечка лиценца за работа како агенција за обезбедување?
• Колку нејзини вработени се лиценцирани и со каква обука?
• Кои други објекти или настани ги обезбедувала оваа агенција?
• Дали и кога била предмет на инспекциски надзор? Кој го спровел и со какви резултати?
• Зошто полицијата не реагирала иако во објектот – под обезбедување на „Рубикон“ – имало малолетници по полноќ, слободна продажба и консумација на алкохол, пиротехника и нарушен јавен ред?
Ова не се прашања од дневнополитички карактер, туку барања за елементарна институционална отчетност.
ДУИ бара итна, детална и транспарентна истрага за улогата на агенцијата „Рубикон“ во трагедијата, за нејзините врски со државните институции и за неуспехот на МВР да делува соодветно“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа