Драма за Велигден во Македонија: Го тепале па го фрлиле од тераса
Тројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој се здобил со повреди.
Од Секторот за внатрешни работи во Куманово информираат дека настанот се случил 35 минути пред полноќ.
- На 20 април 2025 во 23 часот и 25 минути полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А., дваесет и петгодишен, сите од село Конопница, кривопаланечко. Лицата се лишени од слобода затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот жител на истото село А.С. кој се здобил со повреди, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа