Полицијата викендов направи парче: 2.252 казни

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на празничните денови (18-21.04.2025) издадени се вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 прекршоци, 1018 заради возење со брзина поголема од дозволената, а дури 254 учесници во сообраќајот управувале возило без возачка дозвола.

Исто така регистрирани се 105 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, санкционрани се 25 возачи на мотоцикл за возење без заштитна кацига, потоа изречени се 46 мерки за користење на мобилен телефон при возење, додека пак 66 возачи се отстранети од сообраќај заради возење под дејство на алкохол, а изречена е 21 санкција за минување на црвен семафор.

По однос пак на Законот за возила од сообраќај се отстранети 60 возила од кои заради техничка неисправност 13, а заради неважечка сообраќајна дозвола 47 возила“, посочуваат од МВР.

Од полицијата апелираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и потенцираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

22.04.2025 - 12:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега