Муцунски разговараше со Јон, одговорен за Европа и Евроазија во Светскиот економски форум
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со Дитрих Јон, одговорен за Европа и Евроазија во Светскиот економски форум.
Во фокусот на разговорот, објави Муцунски на неговиот фејсбук профил, биле можностите за продлабочување на соработката со Светскиот економски форум, во насока на иницирање нови партнерства и заеднички иницијативи во областите на економскиот развој, дигиталната трансформација, иновациите и одржливоста.
- Заеднички ја нагласивме важноста од силна соработка помеѓу владите, бизнис-секторот и граѓанското општество за справување со современите глобални предизвици. Разменивме и мислења за актуелните регионални и глобални трендови, напиша на Фејсбук министерот Муцунски.
Тој упатил, како што напиша на ФБ, искрена благодарност до Светскиот економски форум за неодамнешното признание „Млад глобален лидер за 2025 година“ и изразил подготвеност да придонесувам кон понатамошно споделување на вредностите што оваа организација ги промовира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа