Пет години затвор за руски генерал кој украл 1.700 тони метални производи

 

Воениот суд во рускиот град Тамбов го осуди генерал-мајорот на руската армија Иван Попов на пет години затвор, објави медиумската служба на Истражниот комитет на Руската Федерација. Како што пишуваат руските медиуми, генералот е обвинет во случајот за кражба на 1.700 тони метални производи наменети за хуманитарна помош во воената зона на Украина.

Обвинителот на минатото рочиште побара шест години затвор за Попов, а побараа и парична казна од 800 илјади рубљи (околу 8.469 евра). Покрај тоа, судот му го одзеде воениот чин.

Според истрагата, Попов во 2023 година учествувал во кражба на 1.700 тони метални производи што властите на привремено окупираниот регион Запорожје ги набавиле како хуманитарна помош. Самиот генерал ги негираше сите обвинувања против него.

Поранешниот командант на 58-та армија на вооружените сили на Руската Федерација беше уапсен на 17 мај 2024 година.

Сергеј Буиновски, адвокатот на Попов, ја отфрли можноста неговиот клиент да учествува во војната во Украина како војник, пренесуваат руските медиуми.

Адвокатот потсети и дека судот претходно одбил да го испрати поранешниот командант на бојното поле. Тој објасни дека Министерството за одбрана претходно го повлече барањето поради недостиг на слободни места во редовите на вооружените сили на Руската Федерација.

24.04.2025 - 23:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега