Полицијата ги “чешла“ планините - нов обид за пронаоѓање на малолетната Маја

 

Oхридската полиција утрово започна акција за преглед на пошширокиот планински предел во општина Дебарца, за уште еднаш да се обидат да ја пронајдат исчезнатата малолетна Маја Блажеска од селото Лешани.

Акцијата се спроведува во атарот на селото Велмеј, по наредба на јавен обвинител од Охрид.

Полицијата трага по малолетната Маја од 12 ноември, кога нејзиниот татко ја пријавил како исчезната.

Денеска се пребарува поширокиот планински појас околу местото викано „Натнасер бачила“  и околните предели во атарот на селото Велмеј. 

Во изминатиов период беа реализирани неколку вакви пошироки акции за пребарување на планинските предели над селото Лешани и околните села, но и во планинскиот појас во правец на Славеј планина.    

01.01.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега