Внимавајте: Она што ќе го правите денес ќе го правите целата година

 

На втори јануари се празнува Свети Игнат, а се верува дека се она што ќе го правите денеска, ќе ви се случува во текот на целата година. 

Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

Инаку, на овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а за полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал, а каков ќе бил тој, таква ќе била и годината.

Затоа, денеска бидете весели и среќни, за целата година да ви биде исполнета со радост.

02.01.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега