Почина поранешниот ректор на Скопскиот универзитет

По кратко боледување на 82 години вчера  во Скопје почина проф. д-р Тодор Џунов, кој од 1985 до 1988 година беше ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Скопскиот универзитет  соопшти дека погребот ќе биде извршен утре,  3 јануари 2014,  во 12.30 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Проф. д-р Тодор Џунов  е роден во 1931 во кавадаречкото село Ваташа. Во 1954 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, каде што од  1974 бил редовен професор и декан од 1981 до 1983. Во 1994 станал судија, а во 2000 година претседател на Уставниот суд на Република Македонија.

Објавил повеќе од 120 научни и стручни трудови од областа на меѓународнто јавно и приватно право и меѓународните односи, како и од имотното право и за односи и проблеми во научните дејности и во високото образование.  

Добитник е на наградата „11 Октомври“ за монографијата „Меѓународното регулирање на користењето на водите“, Медал на Универзитетот во Хале (Германија) и на Софискиот универзитет

02.01.2014 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега