Им истрчало куче на Тетово-Гостивар - тројца во болница

 

ФОТО: Илустрација

Три сообраќајни несреќи во кои три возила удриле во кучиња скитници се случиле во текот на вчерашниот ден на автопатот Тетово - Гостивар во близина на клучката за Камењане.

Три лица меѓу кои едно петгодишно дете се здобиле со полесни повреди, а вкупната материјална штета се проценува на околу 60 илјади денари.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека првата незгода се случила вчера околу еден часот по полноќ кога патничко возило „форд мондео“ со гостиварски таблички удрило во куче скитник. Возилото со кое управувал 32-годишниот А.А. изгубило контрола и удрило во бетонски ѕид при што со повреди се здобиле возачот и сопатниците 32-годишниот Ѓ.А. и петгодишно дете. Тројцата се пренесени во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, се пуштени дома.

Нешто подоцна, речиси на истото место, патничко возило „голф“ со гостиварски ознаки управувано од С.Д.(49) удрило и усмртило куче, но во овој случај нема повредени. Последниот ваков случај е регистриран вчера околу 11 часот и 30 минути при што патничко возило „цитроен“ со кичевски таблици управувано од А.В (32) удрило во куче.

Екипа од СВР Тетово извршила увид на местото од несреќите и работи на расчистување на случаите.

02.01.2014 - 23:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега