Денеска е Св. маченица Јулијана - за многу години

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угле­дна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за же­на на некој си Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за ма­жење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и нај­после ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа вре­ме бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја по­губил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

03.01.2014 - 09:11
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега