Потврдено: Исчезнатата Маја од Лешани пронајдена мртва во планините над Охрид
Телото на Маја од Лешани која пред неколку месеци беше пријавена како исчезната вчера било пронајдено во близина на охридското село Велмеј. Според информациите на Курир, обдукцијата покажала дека телото кое беше пронајдено вчера во фаза на распаѓање на местото викано „Натнасер бачила“ е на 14-годишната Маја по која трагаше цела Македонија.
На телото на малолетничката немало видливи траги од насилство.
За потсетување, Маја запозна момче на Фејсбук, па се претпоставуваше дека со него два пати избега од дома. Момчето негираше дека Маја е кај него.
03.01.2014 - 09:43
Фото:
Канал5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа