Таткото на Маја од Охрид: Ја познав ќерка ми по ташничката и фармерките

 

Телото на Маја од Лешани која пред неколку месеци беше пријавена како исчезната вчера било пронајдено во близина на охридското село Велмеј. Таткото на малолетничката вели дека ја идентификувал својата ќерка по ташничката  и по фармерките кои ги носела, јавува Плусинфо.

По Маја која два пати избега од дома откако запознала момче на Фејсбук, трагаше и Интерпол.

- Првиот пат кога се врати, бевме и во социјалното каде ми рекоа дека не треба да постапувам со агресија кон неа и дека треба да ѝ дадам време да се смири па да разговараме. Токму тоа и го правев. Кога излегов на работа,  таа ја искористила шансата и избегала надвор, ја затворила мајка ѝ внатре. Излегла надвор во дворот се обидела да го запали автомобилот, да бега. Но, автомобилот не стартувал и со трчање избегала. Ја барав на телефон веднаш, еднаш ми рече дома сум, вториот пат во Охрид сум и третиот пат дека е во Битола - раскажа за „Слободен печат“ таткото Ристо Блажески пред еден месец.

За жал, таа вчера беше пронајдена мртва во планините над Охрид. Повече информации прочитајте тука.

03.01.2014 - 10:39
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега