МЗТ победнички влезе во 2014та
Македонскиот кошаркарски претставник МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред своите навивачи во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада унгарски Шолнок со 73:63 во првиот натпревар од регионалната АБА лига во 2014 година. По четвртини 19:11; 16:20; 16:15 и 22:17.
Одлично деби во својот нов клуб имаше Сеад Шеховиќ кој беше најефикасен во домашниот состав со 18 поени, Иван Маринковиќ постигна 11, а вториот дебитант во МЗТ Скопје Александар Цветковиќ реализира 10 поени.
Тројца играчи и во гостинскиот тим имаа двоцифрен број поени: Бадер 16, Давид Војвода и Страхиња Милошевиќ по 14.
За аеродромци ова беше седми триумф со што се зацврстија на средината на табелата, додека гостите го претрпеа десеттиот сезонски пораз и останаа во долниот дел на табелата.
На другите натпревари од 15.коло се среќаваат: Крка – Цедевита, Црвена Звезда – Игокеа, Цибона – Олимпија, Широки – Раднички, Задар – Будуќност и Мега Визура – Партизан.
Табела: Црвена Звезда 11-3 (победи-порази), Партизан 10-4, Цедевита 10-4, Будуќност 9-5, Цибона 8-6, Игокеа 8-6, МЗТ Скопје Аеродром 7-8, Мега Визура 6-8, Крка 6-8, Унион Олимпија 5-9, Раднички 5-9, Задар 5-9, Шолнок 5-10 и Широки 4-10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа