Герасимовски: Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби поставија нови паркинзи за велосипеди и тротинети на неколку локации низ Центар. Овие нови капацитети се дел од континуираните напори на Општина Центар за унапредување на урбаната инфраструктура и поттикнување на одржлив транспорт.
„Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко Жинзифов и пред зградата на Општина Центар. Со овие интервенции, Центар го правиме попријатно и пофункционално место за живеење. Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани“, изјави Герасимовски.
За потсетување, пред еден месец, Општина Центар постави нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти за отпадоци во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во населбата Мало Курило беше уредено детското игралиште со нова опрема, а нови кошаркарски табли беа поставени и во населбата Пролет, на спортското игралиште кај Зеленото пазарче и на игралиштето близу Градската болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа