Антиќ солиден, Атланта поразена

Со топло-ладната игра кошаркарите на Атланта продолжија и на мечот со Чикаго, каде беа поразени со 91:84. Во овој момент тимот на Антиќ со одиграни 24 мечеви, се најде на третата позиција во Источната конференција со скор од 18-16 (победи, порази).

Нашиот центар имаше одличен настап, и во 22 минути колку што настапи на теренот оствари 9 поени, (три тројки) седум скока и една асистенција. 

Пол Милсап и Џеф Тиг беа најефикасни со 16 постигнати поени.

Водечкиот тандем од „исток" Индијана и Мајами остварија победи, а триумфираа и Оклахома Сити и Сан Антонио, додека единствено Портланд е поразен од водечката тројка од „запад".

Преглед на резултатите од ноќешните натпревари: Индијана – Њу Орлеанс 99:82, Орландо – Мајами 94:110, Бруклин – Кливленд 89:82, Чикаго – Атланта 91:84, Минесота – Оклахома Сити 111:115, Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:92, Феникс – Милвоки 116:100, Портланд – Филаделфија 99:101 и Сакраменто – Шарлот 103:113.

Вечерва се играат седум натпревари: Детроит – Мемфис, Кливленд – Индијана, Мајами – Торонто, Вашингтон – Голден Стејт, Оклахома Сити – Бостон, Далас – Њујорк и ЛА Лејкерс – Денвер.

Пласман Источна конференција: Индијана 26-6 (победи-порази), Мајами 25-8, Атланта 18-16, Торонто 16-15, Вашингтон 14-16, Чикаго 14-18, Шарлот 15-20, Детроит 14-19,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 26-7, Сан Антонио 26-8, Портланд 26-8, ЛА Клиперс 23-13, Хјустон 22-13, Голден Стејт 22-13, Феникс 20-12, Далас 19-14,...

05.01.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега