ВИДЕО: Почина португалската и светска фудбалска легенда Еузебио

Португалската фудбалска легенда Еузебио почина ноќеска во Лисабон, во 71-та година од животот, објави португалската новинска агенција Lusa.

Еузебио да Силва Фереира починал од последица на кадриореспираторен застој во 4,30 часот, објави на својата официјална интернет страница неговиот поранешен клуб Бенфика. Своевремено еден од најдобрите фудбалери на светот претходно во неколку наврати беше хоспитализиран поради различни здравствени проблеми. Кон крајот на јуни 2012 година беше згрижен во болница поради мозочен удар, но беше отпуштен десетина дена подоцна.

05.01.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега